Ален Бурибајев

Маестро Ален Бурибајев е шеф-диригент во Операта во Астана во Казахстан, а во неговата биографија се забележани и ангажманите како шеф-диригент на РТЕ оркестарот (2016), на Норкопинг симфонискиот оркестар во Шведска (2006-2011), шеф-диригент на Брабант оркестарот во Холандија (2007-2012) и главен гостин-диригент на Јапонскиот симфониски оркестар во Осака (2014-2018). Неговиот интензитет и спонтаност во диригирањето, неговата прецизност и музикалност, се само дел од позитивните карактеристики што тој ги поседува и токму затоа, постојано е канет да диригира ширум светот со врвни ансамбли, како Националната опера во Финска, Симфонијата во Базел, Симфонијата во Санкт Петербург, Кралскиот филхармониски оркестар, Филхармонијата на Хелсинки, Белградската филхармонија, Рускиот национален оркестар, Метрополитен оркестарот во Токио, Филхармониските оркестри во Лондон и Дрезден, Филхармонискиот оркестар во Малезија, симфониските оркестри на Балтимор и Мелбурн... Маестро Бурибајев е особено значајно, влијателно име во Јапонија, бидејќи тој диригира со многу тамошни оркестри. Неговото деби со оркестарот на Баљшој, пак, на турнеја во Велика Британија, резултирало со покана да ја диригира „Љубов за три портокали“ на Прокофејв во 2011, и од тогаш работи редовно со нив. Зад себе има неверојатно искуство со работа во опери, диригирајќи фантастични продукции на дела од Офенбах, Моцарт, Јаначек, Вебер, Штраус... Алан Бурибајев е роден во 1979 година во музичко семејство. Неговиот татко бил виолончелист и диригент, додека неговата мајка била пијанистка. Дипломирал на Државниот универзитет во Казахстан како виолинист и како диригент, а потоа продолжил со студиите по диригирање на Универзитетот за музика во Виена, под менторство на маестро Урош Лајовиц. Неговата победа на натпреварот за диригирање „Ловро фон Матачиќ“ во Загреб, му донела интернационално внимание и успех работејќи со оркестрите низ Европа, а потоа (2001) стигнал до финалето на Малко натпреварот за диригирање во Копенхаген каде што бил награден со прва награда, но и со специјална награда како „извонреден талент кој ветува“. Добитник е и на прва награда на натпреварот „Антониот Педроти“ во Италија.
 

Сезона 2019/20

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Премил Петровиќ

Србија / Австрија

Сара Касл (мецосопран)

Нов Зеланд / Велика Британија

Ален Бурибајев

Казахстан