Зи Зи (пијано)

https://www.zeezee-piano.com

Имагинативна и возбудлива, кинеската пијанистка Зи Зи е една од најуникатните појави меѓу новата генерација пијанисти. Критичарите ја опишуваат како „полна со ентузијазам, гламур, младешка енергија“, а за нејзините изведувачки капацитети велат дека „може да ги пренесе слушателите во друга реалност“. Критичарите не ги штедат зборовите и за нејзината креативна зрелост, пишуваат дека таа во своите изведби е „моќна, страстна, полна со чист артизам“.
Зи Зи почнува на учи пијано на пет години во Германија. По враќањето во Кина, таа станува една од најзначајните млади пијанистки и настапува во водечките кинески оркестри. Своето музичко образование го комплетира на „Џулијард“ во Њујорк. Добитичка е на бројни награди, меѓу кои и на главната награда на натпреварот „Кралица Елизабета“ во 2013 година. 
Нејзината кариера е возбудлива и богата, активно концертира и настапува со водечките светски оркестри и диригенти. Настапувала со Филхармонијата на Лос Анџелес, Белгискиот национален оркестар, Лондонската филхармонија, „Би-Би-Си Симфони“, „Би-Би-Си Филхармоник“... Настапува и на рецитали во Вигмор Хол во Лондон, центарот „Кенеди“ во Вашингтон, „Линколн центарот“ во Њујорк...    
Оваа пролет го издаде и својот прв албум на кој ги свири Концертот за пијано и орекестар од Равел и Листовиот концерт број 1 со Пааво Јарви и Филхармонија оркестра.

 

Сезона 2019/20

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Премил Петровиќ

Србија / Австрија

Сара Касл (мецосопран)

Нов Зеланд / Велика Британија

Ален Бурибајев

Казахстан