Лукаш Вондрачек

„Пијанистот Лукас Вондрачек е господар на совршено изразени текстури“, ќе напише магазинот „Стрејтс тајмс“ за чешкиот т.н. супер пијанист (1986). Нарекуван е и „најголемиот пијанистички талент на нашето време“. Од неговото деби кое ќе го оствари на 14 години со Чешката филхармонија, под палката на маестро Владимир Ашкенази, Вондрачек настапува ширум светот со реномирани оркестри, вклучувајќи ги и Би би си Филхармонијата, Германскиот симфониски оркестар на Берлин, Хонг Конг Филхармонијата, Лондонската филхармонија, „Тонхале“ оркестарот во Цирих и уште многу други, соработувајќи со врвни диригенти како Марин Алсоп, Ашкенази, Пааво Јарви, Василиј Петренко, Антони Вит... Постојано е активен и во однос на рециталните концерти, свирејќи во „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертгебау“ во Амстердам, „Кенеди центар“ во Вашингтон, „Опера хаус“ во Сиднеј, „Палатата на уметностите“ во Брисел, „Ројал фестивал хол“ во Лондон итн.
 
Лукас Вондрачек е роден во Опава, а со музика почнува да се занимава уште на две годишна возраст. Син е на двајца професионални пијанисти. Откако ќе го направи своето деби во Њујорк пак, на 16 години, во салата на „Карнеги хол“ - „Исак Штерн“, тој се сели во САД и во 2009 година добива диплома од Конзерваториумот „Њу Ингланд“ во Бостон. Негови учители се Хунг-Куан Чен, Ашкенази, Рудолф Бернатик...
 
Добитник е на многу први награди и всушност, тој е една од најголемите ѕвезди на пијанистчките меѓународни натпревари. Добитник е на наградата „Хано Р.Еленбоген“ за исклучителен млад уметник во Европа (2001), прва награда на Хилтон натпреварот (2010) во Јужна Каролина, прва награда, Гран при и четири специјални награди на натпреварот во Преторија, Јужна Африка итн. Неговиот репертоар е широк, иако е познат по маестралните изведби на концертите од Прокофјев, Григ, Чајковски и особено Рахмањинов.

Сезона 2019/20

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Премил Петровиќ

Србија / Австрија

Сара Касл (мецосопран)

Нов Зеланд / Велика Британија

Ален Бурибајев

Казахстан

Суат Арикан

Турција