Ајман Мусахоџаева

Ајман Мусахоџаева (виолина)

Виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан е на листата на исклучителни музичари на 20 -тиот век која ја направи Енциклопедијата на универзитетот во Кембриџ, а од биографскиот центар на овој угледен универзитет ја доби и титулата „Интернационален уметник за 2003 година“. Мусахоџаева е и „Уметник на мирот“ на УНЕСКО, а наградена е од претседателот на Италија и од Ватикан за своите уметнички достигнувања.

За особени достигнувања во музиката таа ја доби и државната награда за мир и напредок од првиот претседател на Казахстан и интернационалната награда „Ѕвезди на комонвелтот“.

Соработувала со музичари како Миша Мајски, Бруно Канино, Виктор Третјаков, Владимир Спиваков и многу други. Зад себе има неколку це-деа, меѓу кои и за „Дојче грамофон“  со пијанистот Павел Гиљов, и со Виенската филхармонија. Како солистка настапувала со Виенската филхармонија, Ројал симфони оркестра, Синфонико ди Рома, Националниот симфониски оркестар на Русија, Европскиот симфониски оркестар и други ансамбли под диригентската палка на Владимир Федосејев, Валери Гергиев, Владимир Ашкенази, Михаил Плетнев, Пол Коган, Владимир Пиаваков, Михаил Јуровски, Фуат Мансуров и други.

Мусахоџаева е луреат на Интернационалниот натпревар во Белград (1976), на Интернационалниот натпревар „Паганини“ во Џенова (1981), на натпреварот во Токио (1983), натпреварот „Сибелиус“ (1985), на Интернационалниот натпревар „П.И.Чајковски“ во Москва (1986)...

Оваа исклучителна виолинистка настапувала во Карнеги Хол, Линколн центар, Ејвери Фишер Хол, Музиквереин, Санта Чечилија, Барбикан, Концертхаус...

Свири на виолина „Страдивариус“ од 1732 година.