Корби Велч

Корби Велч – тенор

Американскиот тенор Корби Велч студирал пеење на Универзитетот во Минесота. На светската музичка сцена е активен како пејач во вокално инструментални дела, меѓу кои: „Миса Солемнис“ на Бетовен, „Кредо“ на Пендерци, „Пасиите...“ на Ј.С.Бах, Моцартовиот „Реквием“... Покрај неговата прилично набиена агенда како концертен пејач, Корби Велч е активен и на оперската сцена.

Уште од 1911 година, по дебито на Ерик во „Летечкиот Холанѓанин“, Велч се етаблира на светската музичка сцена како еден од новите драмски тенори со исклучителна музичка експресија. Потоа следуваа изведби и во други опери од Вагнер – „Лоенгрин“, „Рајнско злато“...

Корби Велч беше солист во германската опера во Дизелдорф од 2003-2018 каде што имаше исклучителна можност да го прошири својот репертоар. Првите години пееше главни улоги во лирскиот репертоар како Белмонте, Тамино, Дон Отавио, а потоа и како Принцот во „Русалка“, Матео во „Арабела“ и насловната улога во операта „Питер Грајмс“.

Соработувал со низа знајачни диригенти како сер Невил Маринер, Роберт Тревино, Волфганг Савалич, Џон Фијоре, и режисери како Стефан Херхајм, Татјана Гурбача, Кристоф Лој... Настапувал со оркестарите на Симфонискиот оркестар на Берлин, Радио оркестарот на Хановер, Симфонискиот оркестар на Келн, Националниот симфониски оркестар на Данска, Оркестарот на Радио Франција...

Неговиот репертоар опфаќа дела од Бетовен, Моцарт, Двожак, Брукнер, Шуман, Малер, како и и вокално-инструментални дела на современите композитори Кшиштоф Пендерецки, Бруно Мадерна, Софија Губадулина и Мориц Егерт. Настапувал во речиси сите земји во Европа, Русија, Јапонија, Кина, САД...