Давид Фре (пијано)

Критиката за него пишува дека е „совршен пример за музичар кој размислува“. Францускиот пијанист Давид Фре е познат и по инспиративните изведби на музиката на Бах и Булез. Постојано е активен на светската музичка сцена како солист, рецитален и камерен пијанист. Соработувал со водечки светски оркестри и диригенти како Марин Oлсоп, Семјуел Бучков, Андреј Борејко, Даниел Гати, Пааво Јарви, Рикардо Мути, Еса-Пека Салонен...
Давид Фре е препознатлив и уникатен пијанист, а пред македонската публика ќе го изведе романтичниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Фредерик Шопен ...
1. Омилени класични музички дела:
-Кантатите и пасиите од Ј. С. Бах.
2. Снимки од класична музика кои ги сакате:
-Снимките на Вилхелм Кемпф, Вилхлем Фуртванглер и Карлос Клајбер.
3. Омилени некласични музичари/или снимки:
-Француската пејачка Барбара и Френк Синатра.
4. Музика која ве тера да плачете/било кој жанр:
-Добра музика отсвирена лошо.
5. Дефинитивно потценето дело или композитор:
-Ернст Кренек.
6. Преценето дело, музика или композитор:
-Руската музика.
7. Концерт на кој сте присуствувале/ било кој жанр/ кој нема никогаш да го заборавите:
-Концертите на Раду Лупу, Маурицио Полини , Рикардо Мути...
8. Некои нови филмови кои ви се допаднале:
- „Белата панделка“ на Михаел Ханеке...
9. Филмови кои се класика за вас:
- „Бери Линдон“ на Кјубрик и „Амаркорд“ на Фелини..
10. Книги кои ви се важни:
- „Мисли“ од Паскал.
11. Работи со кои се гордеете...
- Нема такви...
12. Работи од кои се срамите...
- Има многу...
13. Три работи без кои не можете да живеете:
-Музика, уметност, љубов.
14. Кога сакам да побегнам од се... (доврши ја реченицата)
- Останувам дома со мојата сопруга и двете кучиња.
15. Луѓето се изненадени кога ќе дознаат дека не сум...
- Фан на Глен Гулд.
16. Мои омилени градови се:
-Париз, Кортона, Венеција...
17. Тајно сум вљубен во...
-Чоколадо.
18. Тајни задоволства за кои имам грижа на совест...
- Трошам многу пари на подароци.
19. Многу сакам да ги запознаам:
- Мерил Стрип, Вуди Ален, Лусијен Фројд.
20. Не можам да сфатам зошто...
- Луѓето се толку лоши.