Македонската филхармонија со гордост го најавува почетокот на соработка со престижната компанија, винаријата „Тиквеш“, една од најдобрите винарии, но и воопшто компании во Македонија, па и пошироко. По тој повод, денеска во просториите на Македонската филхармонија се одржа прес-конференција, на која говореше и директорот Виктор Илиески...

Билетите за концертот по повод Денот на вљубените - MURDER BALLADS, кој ќе се одржи на 14 февруари 2018, ќе бидат пуштени во продажба од денес (22.01.2018). Билетите, по цена од 800 и 1000 денари, ќе можат да се набават на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10:00 до 20:00 часот и во сабота од 10:00 до 14:00 часот...

Драги вљубеници во најубавата уметност - музиката!   Почитувана публико, драги наши соработници, поддржувачи, партнери, донатори - нека биде новата 2018 година и за вас исполнета со радост и насмевки, и се разбира, со многу музика...

(Обраќање на Марко Коловски по повод 73-от роденден на Македонската филхармонија)   Имам посебна чест вечерва, на роденденот на нашата и вашата Македонска филхармонија, да ви се обратам. Честа е посебна од една сосема разбирлива причина: столбот на нашата музичка култура, оркестарот со кој раснеа и израснаа генерации наши сограѓани, со кој раснеа и израснаа во големи македонски и светски исполнителски имиња речиси сите наши истакнати музички уметници и диригенти, и конечно, со чијашто помош се раѓаа, а потоа допираа до нас речиси без исклучок оркестарските композиции на сите генерации македонски композитори - значи, овој, како што со право го нарекуваме ’рбет на македонската музичка култура, дури во годинава кога го слави својот 73 роденден конечно влезе во свој дом...

На 3 декември во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, ќе гостува реномираниот Црногорски симфониски оркестар. Диригент е Русинот Григориј Краско, со зад себе импресивна кариера. Бил концертмајстор во оркестарот на славниот Бољшој театар, потоа станува концертмајстор на Московската филхармонија и водач на камерниот оркестар „Московски филхармоничари“...

Утре, 20 ноември, е Меѓународниот ден на детето, востановен 1954 година од УНИЦЕФ - фондот на Обединетите нации кој се грижи секое дете во светот да ги ужива своите права, да расте и да се развива до својот полн потенцијал. Македонската филхармонија уште вчера со концертот „Магичен глас“ и полното гледалиште детски насмевки и радост, го чествуваше овој голем ден и јасно упати порака дека секое дете во светот треба да ги ужива своите загарантирани права пропишани со Декларацијата за правата на детето, а со тоа и правото на музика...