Два пати номинирана за престижната награда „Греми“ и една од најдобрите саксофонистки денес, Ејми Диксон од Австралија, доаѓа во Скопје!   На 9 март во Домот на АРМ во 20 часот, повеќенаградуваната и харизматична Ејми Диксон, ќе настапи како солист на концертот „Алхемија“ со оркестарот на Македонската филхармонија...

Македонската филхармонија ве води на уште еден возбудлив концерт со прекрасна музика и одлични солисти!   На 23 февруари во Домот на АРМ во 20 часот, ќе се одржи симфонискиот концерт „Виолиниски бравури“ на кој како солист ќе се претстави една од најпрефинетите виолинистки кај нас, Сихана Бадивуку...

Следејќи ја традицијата, Македонската филхармонија и оваа година по повод Денот на вљубените ќе одржи атрактивен симфониски концерт.   Под наслов „Париз те сакам“, на 14 февруари (вторник) во Салонот на Македонската опера и балет во 20 часот, за љубителите на музиката ќе бидат изведени едни од најпознатите француски шансони кои ги испеаја славните грла како Едит Пјаф, Ив Монтан, Жо Дасин, Мишел Легранд...

Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт под наслов „Поезија и драма“, кој ќе биде посветен на прерано починатиот, еден од најистакнатите македонски музички уметници, диригентот Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017)...

Под наслов „Гротеска“, на 26 јануари во Домот на АРМ во 20 часот, Македонската филхармонија приредува несекојдневен музички настан. Под диригентската палка на неповторливиот Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе изведе две мошне атрактивни дела кои прв пат ќе прозвучат на македонската музичка сцена...