Почитувани, Концертот „Моја љубов“ ќе се одржи во понеделник, на 18 февруари, во 20 часот. Македонската филхармонија уште еднаш изразува длабоко сочуство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа што се случи синоќа...

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар со нескриена возбуда ви го најавуваат десеттото, јубилејно издание на супер настанот „Види музика, слушни слика, добиј книга“.   Годинава, мултимедијалниот перформанс ќе биде посветен на една од најдобрите музички групи на сите времиња - „Пинк Флојд“! Љубителите на музиката на магичниот англиски бенд ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите композиции од неговото богато и влијателно творештво, аранжирани за симфониски оркестар...

Ве известуваме дека од вторник (2 мај), ќе бидат пуштени во продажба билетите за свеченото отворање на новата концертна сала на Македонската филхармонија. Билетите ќе бидат по цена од 2.500 и 3.000 денари, а ќе можат да се набават на билетарницата во Дом на АРМ, секој ден од 10 до 16 часот...

„ББ“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на 5 мај (петок) во Дом на АРМ во 20 часот. Како солист ќе настапи врвниот фински пијанист Оли Мустонен кој има уникатно место на денешната музичка сцена...

„Гласот на славејот“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 27 април во Домот на АРМ во 20 часот. Под диригентската палка на извонредниот Даниел Рајскин од Русија, како солист ќе настапи една од најистакнатите македонски вокални уметници, сопранот Милена Арсовска, која годиниве наназад кариерата успешно ја гради на европските сцени...

Македонската филхармонија, на 30 март (четврток) во Домот на АРМ во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов „Моцартовата хорна“, на кој како солист ќе настапи првиот хорнист од престижната Берлинска филхармонија, Штефан Дор од Германија...

На 16 март во Домот на АРМ во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи симфонискиот концерт под наслов „ЧАЈКОВСКИ: СМЕА И ТАГА“, на кој како солист ќе настапи еден од најдобрите виолончелисти во светот, Иштван Вардаи од Унгарија...

Два пати номинирана за престижната награда „Греми“ и една од најдобрите саксофонистки денес, Ејми Диксон од Австралија, доаѓа во Скопје!   На 9 март во Домот на АРМ во 20 часот, повеќенаградуваната и харизматична Ејми Диксон, ќе настапи како солист на концертот „Алхемија“ со оркестарот на Македонската филхармонија...