Под наслов „Гротеска“, на 26 јануари во Домот на АРМ во 20 часот, Македонската филхармонија приредува несекојдневен музички настан. Под диригентската палка на неповторливиот Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе изведе две мошне атрактивни дела кои прв пат ќе прозвучат на македонската музичка сцена...