Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември, годинава ќе биде одбележан со концерт под отворено небо, пред Владата на РМ, кој ќе претставува интересен спој од звучното наследство и современите искри на македонската популарна музика...

Оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со африканската ѕвезда Феми Кути и Емин Џијан како диригент, на 13 септември (20 ч.) ќе одржат концерт во Белград на отворено, во прекрасниот амбиент на Калемегдан. Овој грандиозен проект премиерно беше одржан во Скопје под името „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк на 7 јуни, пред околу 15 илјади посетители...

Виктор Илиески денеска и официјално е именуван за директор на НУ Македонска филхармонија!  На чело на првата национална музичка институција во земјава, Илиески дојде минатата година во месец август, извршувајќи ја досега функцијата в...

Од 3 до 9 септември, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе гостува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерти во Алмати (5 септември) и Астана (7 септември). Гостувањето на Камерниот оркестар на МФ се остварува со логистичка поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Астана и амбасадорот Илија Псалтиров, а по повод Денот на независноста на РМ - 8 Септември...

Од 23 август до 1 октомври, Македонската филхармонија ќе ги пушти во продажба претплатничките билети за концертната сезона 2018/2019. Со купување на претплатнички билет од циклусот „Фортисимо“, љубителите на музиката ќе можат да ги посетат сите концерти од редовната програма на Македонската филхармонија...

    Изминативе два дена Градскиот парк во Скопје беше центар на настаните во градот. Таму требаше да се биде. Сите патишта водеа до парк. Проекцијата на филмот „Исцелител“ и концертот на Феми Кути и Македонската филхармонија беа причините што скопјани со пиво, пуканки, чипс и простирки за седење два дена по ред го освојуваат паркот...

  Во списанието на престижната Меѓународна асоцијација на менаџери од областа на уметноста со седиште во Лондон, е поместен и репрезентативен текст за Македонската филхармонија. Меѓудругото, отворањето на новата концертна сала на Македонската филхармонија се споредува со отворањето на престижната Филхармонија Елб во Хамбург, како уште едно извонредно архитектонско здание посветено на музиката кое ја одбележа оваа година...

Македонската филхармонија продолжува да ги реализира Симфониските концерти наменети за најмладите. На 3 март (сабота) во 12 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи концерт под наслов „Музичка екскурзија со Пакомак“, на кој како аниматор ќе се претстави познатиот водител на детски емисии - Ивце Пивце...

  „Вокална магија“, овој четврток со Македонската филхармонија!   Овој четврток, на 22 февруари во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го реализира симфонискиот концерт „Вокална магија“, на кој како солист ќе настапи повеќенаградуваниот бас-баритон Милан Силјанов...