ОДЛУКА ЗА АУДИЦИЈА ЗА УДАРНИ ИНСТРУМЕНТИ
Врз основа на Законот за култура и врз основа на член 12 и член 21 од Статутот на НУ Македонска филхармонија, Управниот одбор на седницата одржана на 22.01.2020 година ја донесе следната:
О Д Л У К А
1. Се усвојува изменување и дополнување на Програмата за полагање на аудиција за ударни инструменти и тимпани.
2. Одлуката стапува на сила со денот на донесувањето.
3. Составен дел на Одлуката е изменета и дополнета Програма за аудиција за ударни инструменти и тимпани од 25.11.2019 година.
4. О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е: На седницата на УО на 22.01.2020 година се усвои, изменета и дополнета Програма за аудиција за ударни инструменти и тимпани, стапува на сила со денот на донесувањето.
Одлуката да се достави до:
- Огласна табла
- Архиватa на МФ
Претседател на УО,
Трена Јордановска