ЈАВЕН ОГЛАС БР. 2 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Врз основа на член 77-a, 77-в од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19), Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое се објавува јавниот оглас во Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија - Скопје, бр.02 – 671/ 4 од 15.11.2018, а во врска со Одлука за објавување јавен оглас бр. 04 – 614/1 од 22.09.2020 и Согласност од Министерството  за финансии бр.18-12130/2 од 31.12.2019 година се објавува:
  
ЈАВЕН   ОГЛАС бр.02/2020
за вработување

 НУ Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје има потреба од вработување на три (3) извршители, за следните работни места :


I. Стручен соработник за музичка архива-  Музички архивар - нототекар со шифра  КУЛ 03 04 Г02 009 категорија Г – стручни соработници во дејноста во областа на културата ниво Г2, на неопределнео време - ( еден извршител).  
Посебни услови:
-    степен и  вид на образование: вискоко образование 240 ЕКТС илизавршен VII/1 степен
или завршено средно музичко училиште;
-    работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката.
-    Работа со програми Сибелиус, Финале за распишување на нотен материјал.

Основна нето плата согласно работното место изнесува:28.805,00 денари.
Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-13/1 од 14.01.2020.
Дневното и неделното работно време за огласеното работно место се организира, согласно месечниот план за проби и концерти, а во рамките на 40 часовното неделно работно време

II. Дувач I група Хорна  со шифра  КУЛ 03 04 А03 005 категорија А – уметници, ниво А3, на определено време до 31.12.2020 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура - (еден извршител).
Посебни услови:
-ниво на образование 240 ЕКТС илизавршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 39.162,00 денари.
Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-13/1 од 14.01.2020.


Дневното и неделното работно време за огласеното работно место се организира, согласно месечниот план за проби и концерти, а во рамките на 40 часовното неделно работно време
III.Тути Гудачи Виолончело шифра КУЛ 03 04 А06 002 категорија  А – уметници ниво А6, на определено време до 31.12.2020 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура - (еден извршител).
Посебни услови:
-ниво на образование 240 ЕКТС илизавршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;
-    работно искуство: најмалку една година работно искуство во струката.

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 30.315,00 денари.
Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-13/1 од 14.01.2020 .
Дневното и неделното работно време за огласеното работно место се организира, согласно месечниот план за проби и концерти, а во рамките на 40 часовното неделно работно време
Кандидатите за сите работноти места треба да ги исполнуваат општите услови:
•    да е полнолетен
•    да има општа здравствена способност за работното место и
•    со правосилна судска пресуда да нему е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место.
Пријавата за вработување особено содржи:
-име и презиме, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, контакт телефон, електронска адреса на кандидатот, припадност на зедница,
-кратка биографија
- изјава за исполнување на општите услови со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
-изјава за исполнување на посебните услови за работното место ДА/НЕ за секој услов одделно;
- изјава за исполнување на дополнителниот услов од огласот, со наведување ДА/НЕ за секој услов доколку се бара.
 Кандидатите покрај пријавата треба да приложат и:
- доказ за завршено образование;
- уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)
- доказ за работно искуство во струката;
- потврда дека не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
-лекарско уверение за општата здравствена способност (не постаро од 6 месеци);
- Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на НУ Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје или по пошта на адреса: Национална установа Филхармонија на Република Северна Македонија - Скопје, ул. Гоце Делчев бр. 2.  1000 Скопје.
Рокот за доставување на пријавата за вработување е 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас во дневен печат.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас.
За работното место под бр.I ќе се спроведе интервју и проверка за познавање со работа со програмите Сибелиус и Финале. За денот, часот и местото на одржување на интервјуто  и проверката на познавање со работа со програмите Сибелиус и Финале, кандидатите ќе бидат известени на оглaсна табла, веб-странана НУ Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје.
За работните места наведени под бр.II, III ќе се спроведе со Аудиција согласно Правилникот за полагање на аудиција и Програмата за полагање на аудиција, а ќе бидат известени на огласна табла, веб-страна на НУ Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје.
Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.
Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од странана Комисијата за спроведување на постапката за вработување. 


НУ Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје.

Директор

Виктор Илиески