Филхармонија ги рефундира средствата од купените билети

Почитувани,

Филхармонија ги информира сите оние што купиле онлајн билети за концертите „Диши љубов“ (15 март) и „Педесет нијанси црно“ (Шерон Ковач, 2 април), дека средствата ќе им бидат рефундирани деновиве по електронски пат.
Оние, пак, што купиле билети на билетарницата на Филхармонија, дополнително ќе бидат известени за начинот на кој ќе им бидат вратени средствата од купените билети.