Излезе првиот број на Филхармониски весник!

Денеска излезе првиот број на Филхармониски весник! 
Филхармонија на РСМ на почетокот на новата концертна сезона 2019/2020 го објави бесплатниот број на првиот „newsletter“ во кој можат да се прочитаат содржини врзани за првото тримесечје од новата програма на нашата институција.
Филхармонискиот весник може да се најде во просториите на Филхармонија, во амбасадите, министерствата, другите културни институции, хотелите, туристичките агенции, кафулињата, рестораните...
Филхармонија ќе објавува нови изданија на секои три месеци, во кои љубителите на музикаа ќе можат да се информираат, но и да се едуцираат за настаните коишто ќе се реализираат во годинешната програма.