Филхармонија почна онлајн продажба на билети

Филхармонија на РСМ со радост најавува дека почна онлајн продажба на билети кои директно можат да се купат на нашата веб-страница.

Продажбата на онлајн билетите, завршува 24 часа пред почетокот на настанот. 

Сите љубители на музиката, посетителите на настаните на Филхармонија, можат да купат билет преку веб-страницата на Филхармонија каде што и можат да се информираат за условите и за начините на купување.

Настаните во новата концертна сезона 2019/2020 се веќе објавени и можат да се погледнат овде.