Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна


Македонската филхармонија свечено ќе го отвори Охридско лето!
28.06.2017

Македонската филхармонија, на 12 јули во Античкиот театар во Охрид, ќе настапи на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи заедно со познатиот американски џез-квартет „Fourplay“, под диригентство на Џијан Емин. 
Квартетот „Fourplay“ во состав: Боб Џејмс (клавијатури), Нејтан Ист (бас),
Чак Лоеб (гитари) и Харви Мејсон (тапани), повеќе од две децении ужива уметнички и комерцијален успех на светската сцена креирајќи музика која имплементира елементи на R&B, поп и други стилови во нивниот веќе препознатлив џезерски стил. 
Приказната за Fourplay започнува во 1990 година кога веќе докажаниот клавијатурист Боб Џејмс се поврзува со тапанарот Харви Мејсон (кој дотогаш работел со Херби Хенкок, Барбара Стрејсенд, Ноториус БИГ), а заедно со него и со гитаристот Ли Ритенур и басисот Нејтан Ист (дотогашен сорабоник на Бери Вајт, Ерик Клептон и Фил Колинс) го снима албумот Grand Piano Canyon. Веќе следната година, оваа формација го издава албумот со исто име како бендот - Fourplay кој е успешен бленд на џез, поп и R&B. 
Во овој состав, издаваат уште 3 албуми на кои гостуваат прославени имиња како Фил Колинс и Пети Остин, а неколку години подоцна, Ли Ритенур го напушта бендот и на негово место доаѓа Лери Карлтон кој за прв пат соработува на албумот „Четири“ во 1998.  Групата продолжува активно да настапува и постојано е во студиото снимајќи ги: Snowbound, Yes Please, Heartfelt, Journey, X, Energy, Let’s touch the sky, Espirit De four.
Албумите доживуваат фантастичен успех кај јавноста и критиката, а „Енерџи“ се задржува на врвот на Билборд листата за џез дури три недели. 
Во 2010 на Fourplay им се придружува виртуозот на гитара Чак Лоеб.  Неговиот свеж пристап донесува уште поголема енергија и инспирација во бендот кој веќе е познат во јавноста како бестрашен кога станува збор за експериментирање и поместување на границите на современиот џез. Во 2015 година со албумот Silver кој содржи нов и навистина разновиден звук,  групата прослави 25 години на сцената.

Информации за следниот концерт

ЦИКЛУСИ