Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Јерухам Шаровски (Израел) - Диригент


Јерухам Шаровски (Израел)

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано започнува да изучува музика, а потоа студирафлејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум замузика во неговиот град. Во раните 70-ти имигрира во Израел каде што дипломирана Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим под палката на проф. Менди Родан.Во 1990 година, Шаровски ќе биде избран од славниот маестро Зубин Мехта да јаприми наградата „Млад артист на годината“ кога ќе ја добие и привилегијата дадиригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри воИзраел. По турнејата во поранешна СССР која за него ќе биде значајна вокариерата, во 1991 година станува уметнички директор и шеф-диригент наСимфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски овојоркестар ќе стане еден од најпопуларните симфонски ансамбли изведувајќи стотицидела и надвор од земјата. Од 98 до 2004 маестро Шаровски ќе раководи и соБразилскиот симфониски оркестар на Рио де Женеиро со кој ќе патува на турнеи воБразил и во Европа и ќе сними четири ЦД-иња. Тогаш Шаровски ќе го формираМладиот симфоники оркестар на Бразил кој ќе стане еден од најпознатите ансамбливо земјата. Со БСО ќе замине на турнеја и во САД, кога во„Централ парк“ во Њујорк,како и во „Линколн“ центарот ќе одржи концерти пред 50 илјадна публика кои ќебидат високо оценети од публиката и критиката. За време на својата кариера,маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји,вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи соМинхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалимзаедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим.Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазелинтернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар иво однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистинауспешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер часови на значајниуниверзитети во светот.