Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Со Аватсуџи (Јапонија) - Диригент


Со Аватсуџи (Јапонија)

Јапонскиотдиригент со интернационална кариера СоАватсуџи (1989) роден во Кјото, е добитник на Втората награда намеѓународниот натпревар по диригирање „Ловро фон Матачиќ“ за 2015 година. Од2007 до 2011 година, маестро Аватсуџи студира со проф. Нобутака Масуи наГрадскиот универзитет на уметностите во неговиот роден град, додека од 2012 до 2015година студира со проф. Мартин Сигарт на Универзитетот за музика и изведувачкиуметности во Грац, Австрија. Во моментов ги продолжува студиите на Универзитетотза уметности во Цирих, Швајцарија, под менторство на проф. Јоханес Шлафли.Маестро Аватсуџи посетувал и мајсторски часови кај врвните диригенти ДавидЦинман, Бернард Хаитинг, Еса-Пека Салонен и Колин Метерс. Досега диригирал со Загрепскатафилхармонија, Јаначек филхармонсикиот оркестар (Чешка), со Филхармонискиоторкестар на Русе, Државниот оркестар на Пловдив (Бугарија), Хрватскиот камереноркестар, со Симфонискиот оркестар на Осака итн.