Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Сихана Бадивуку - виолина


Сихана Бадивуку - виолина

ВиолинисткатаСихана Бадивуку-Хоџа (1967) се сметаза една од најпрефинетите музички уметници од т.н. средна генерација. Потекнуваод музичко семејство и со музиката се среќава уште на млади години. По среднотомузичко училиште во Приштина, образованието го стекнува на престижниотКонзерваториум „Петар Илич Чајковски“, најпрвин во Киев, а потоа и во Москвакаде што дипломирала со проф. Евгенија Чугајева, и завршила постдипломскистудии по виолина. Потоа добива стипендија и заминува на "Hochshule furMusic" во Детмолд, Германија, во класата на проф. Јанг Учк Ким. СиханаБадивуку кариерата ја продолжува на меѓународните концертни подиуми, апаралелна преокупација се нејзините мастер класи кај видни уметници и педагози,како и учествата на престижни меѓународни натпревари во земјава и во светот. Во 1994 година посетува курс воСиена (Италија) на „Academia Chigiana со проф. Уто Уги,а има учествувано на меѓународни натпревари за виолина (J.S.Bachво Лајпциг и R. Lipizer во Гориција, (диплома како полу-финалист), Ј. Szigetiво Будимпешта итн. Има учествувано на неколку меѓународни фестивали во земјава, во Албанија, Италија, Бугарија, Словенија... Солистичките и камернитенастапи за Бадивуку се силна мотивација, а позитивните критики од стручнатајавност и од публиката ја ставаат на висока позиција во музичкиот свет. Има одржано концерти во Косово, Македонија, Албанија,Бугарија, Германија, Италија, Русија, Финска, Ирска, Шпанија, Словенија,Белгија и САД. Нејзинотоогромно искуство годиниве наназад го пренесува на нејзините ученици кои гопродолжуваат нејзиниот успешен уметнички пат. Од 1992 година е професор на Факултетот за уметности во Приштина,од 2000-та концертајстор на Косовската филхармонија, виолинист воансамблите „Вивенди“, „Музика БалканикаиСтринг трио Косово“  и има настапувано со истакнати уметници во камерни ансамбли, меѓу нив и Павел Верников, Дерек Хан, Метју Барли, Пјерлуиџи Камичиа, Франческо де Жан, Бертран Гиро итн. Имаактивна професионална соработка сопијанистите: Лејла Пула, Теута Плана, Мери Стоилкова, Зана Бадивуку, ЈоуниСомеро, Маја Кастратовиќ и Дерек Хан. Во 2011 година, Сихана Бадивуку го објавува цеде-то „Брамссонати“ со пијанистот Јоуни Сомеро во Финска. Дел е од дуото со Маја Кастратовиќ со која имаат активна професионална соработка од 1994 па се до денес.