Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Оли Мустонен - пијано (Финска)


Оли Мустонен - пијано (Финска)

Финскиотпијанист Оли Мустонен (1967) имауникатно место на денешната музичка сцена. Следејќи ја традицијата на големитемајстори како Рахмањинов, Бусони и Енеску, Мустонен создава вкусна комбинацијаод неговото образование како пијанист, но и како композитор и диригент. Намошне рана возраст почнал да учи пијано, чембало (под менторство на Ралф Готонии Еро Хеинонен) паралелно и композиција со познатиот современ фински композиторРаутавара. Мустонен зад себе има завидна кариера како концертен пијанистсоработувајќи со сите водечки оркестри како Берлинска филхармонија, Минхенскафилхармонија, Чикаго Симфонија, Њујоршката филхармонија..., со врвни диригентикако Ашкенази, Баренбоим, Булез, Дутоа, Мазур, Нагано... Едни од неговитепозначајни настапи се изведбите на пијано концертите од Бела Барток со Би-би-сисимфонискиот оркестар на Шкотска и Кралскиот филхармониски оркестар на Стокхолм,како и со Оркестарот на Париз под палката на Пааво Јарви. Мустонен настапи и соУнгарската филхармонија со диригентот Золтан Кочиш кога беше поканет да гостувакако солист на Гала концертот и на завршната церемонија на Зимскиотинтернационален уметнички фестивал во Сочи, свирејќи со Камерниот оркестар„Московски солисти“ под палката на Јури Башмет. Често настапува и какорецитален пијанист ширум светот во сите престижни концертни сали и во рамкитена најдобрите фестивали за класична музика. Еден од поважните негови настапи сеиздвојува и светската премиера на Концертот за пијано бр. 5 од Родион Шчедринпосветен токму нему, под водство на Еса-Пека Салонен и Филхармонијата на ЛосАнџелес. Оли Мустонен е добитник на мноштво значајни награди и со право енарекуван најдобриот пијанист на неговата генерација.