Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Мидори - виолина (Јапонија)


Мидори - виолина (Јапонија)

Американската виолинистка по потекло од Јапонија, Мидори (1971), се смета за една од највиртуозните уметници на новата генерација класични уметници. Минатата 2014/2015 концертна сезона Мидори беше дел од светската премиера на новото дело „Оскар“ на современиот австриски композитор Јоханес Марија Штауд, на фестивалот во Луцерн, како и во „Концертхаус“ во Виена, настан кој привлече огромно внимание. Мидори досега има реализирано голем број на снимки на капитални дела за виолина, меѓу нив и најновата - соло сонатите и партитите од Бах. На фестивалот во Луцерн, Мидори го добива епитетот „уметник ѕвезда“ и таа постојано е дел од светските премиери на новите дела. Изведува композиции од Пендерецки, Хајла, Шчедрин, Штауд, Раутавара... Меѓу светските музички кругови, Мидори е позната како фасцинантен изведувач, но и како талентиран едукатор и иновативен активист. Во 2012 година ја доби престижната „Кристал“ награда на Светскиот економски форум во Давос, беше избрана за член на Американската академија на науките и уметностите и и беше доделена титулата почесен доктор на музика на Универзитетот во Јеил. Во 2007 година, беше прогласена за „гласник на мирот“ од страна на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. Именувана е за почитуван професор по музика на Универзитетот во Јужна Калифорнија и Мидори всушност, огромно внимание посветува на процесот на едукација на младите. Токму со таа цел ќе ја формира непрофитната организација „Мидори и пријателите“ преку која овозможува музичко образование за децата во Њујорк и во Јапонија. Родена е во Осака, а виолина почнала да учи со нејзината мајка на мошне рана возраст. Маестро Зубин Мехта ќе ја слушне во 1982 година и воодушевен од нејзината изведба ќе ја покани да го направи своето деби на само 11 години на традиционалниот Новогодишен концерт на Њујоршката филхармонија. Тогаш ќе започне и нејзината голема кариера. Денес Мидори живее во Лос Анџелес. Зад себе има завидна кариера, но и завидна дискографија. Има диплома и за магистер по психологија на Универзитетот во Њујорк.