Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Дино Имери - пијано


Дино Имери - пијано

Дино Имери (1990)се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари.Своето образование го стекнува работејќи сопроф. Људмила Романова, проф. БорисРоманов (во чијакласа и дипломира на ФМУ во Скопје со Кум Лауде), како и со проф. Симон Трпчески во чијакласа магистрира на само 22 годишна возраст со просек 10 и со почести Кум Лауде. Во својата досегашна дејност, Имери остварил многубројни настапи во Македонија, но и востранство: Загреб (отворање нациклус „Пијанофортисимо“, спектакуларен концерт кој поминува со 4 биса по редовнатапрограма), соСтразбуршкиот филхармониски оркестар (француска премиера на Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери), со Софискиотфилхармониски оркестар(со изведба на Концертотбр.3 од СергејРахмањинов), на фестивали во Цавтат, Франција, Приштина, Австрија... Дино Имерие вбројан во 10-те најдобри европски пијанисти според ранг листата на ТретиотЕвропски Пијано Натпревар одржан воНормандија, Франција, а подеднакво успешен восвојата родна земја, во 2013 год. се здобива со највисокото домашно признание за класична музика - наградата „Виртуози“ вокатегоријата „Млад музички уметник“.Во 2015 годобива признанието „Лауреатна Фондација Томислав Зографски“доделена од истоимената фондација за промоција на македонските композитори воземјата и во странство. Во 2010 година, Дино Имери потпиша двегодишендоговор со Европската пијано програма - проект кој му ги отвориинтернационалните сцени во Франција, Австрија, Полска... Во 2013 го издава своето прво ДВД-издание сомузика одХајдн, Бетовен, Лист и Брамс, восоработка со „Фејмс“ оркестарот заснимање на филмска музика. Во 2015 година бележи големи меѓународни успеси, меѓу кои и неговото деби со Софискиот филхармониски оркестар шторезултира со покана за настап повторно со истиоторкестар истата година. Во2015, Имери за прв пат настапува со Македонската опера и балетво балетската претстава „ОгнениГрадини“ поддиригентство на Јозеп Вицент и Бисера Чадловска,а во кореографија на Xејмс Амар. Редовноодржува рецитали, а активен е и во камерната музика настапувајќи со разновидникамерни ансамбли.