Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Даниел Рајскин (Русија) - Диригент


Даниел Рајскин (Русија)

МаестроДаниел Рајскин (1970), син на познат музиколог, пораснал во Санкт Петербургкаде што музиката одиграла важна улога во неговиот живот. Во музичко училиштесе запишал на шест години, а студирал виола и диригирање во славниотконзерваториум во родниот град. Неговиот учител Лев Савич ќе го инспирира данавлезе во светот на диригирањето, а потоа Рајскин ќе се усовршува совлијателни имиња како Милан Хорват, Марис Јансонс или Нееме Јарви. На 20 годиниќе ја напушти Русија продолжувајќи да студира во Амстердам и Фрајбург, за многубргу да стане еден од најбараните виолисти во Европа, како солист, но и какокамерен музичар. Познат е како предводник на младата генерација музичари,ставајќи голем акцент на неговите толкувања за музиката кои што ги прави намошне транспарентен начин, откривајќи ја структурата на едно дело до ситедетали, наоѓајќи го подтекстот, вистинската рамнотежа на звукот и енергијатакоја што тоа ја поттикнува кај изведувачите. Од 2005 година, Рајскин станувашеф-диригент на Рајнската филхармонија, а од 2008-та на „Артур Рубинштајн“филхармонијата во полскиот град Лоѓ. Неговите ангажмани како гостин диригент себројни, патувајќи низ Европа и Азија, вклучувајќи ги и Белградскатафилхармонија, Естонскиот национален оркестар, Хонг Конг Синфониета,Националниот оркестар во Латвија, „Моцартеум“ оркестарот во Салцбург,филхармониите на Копенхаген, на Прага, оркестарот на Радио-телевизијата воДаблин, радио-симфонискиот оркестар на Чешка, Загрепската филхармонија, симфониските оркестри на Виена, Берлин, итн. Познати сенеговите ангажмани како диригент на опери, вклучувајќи ги и редовните настаписо „Кармен“ за Холандската компанија „Opera Zuid“ во режија на Каликсто Биеито (2006/2007) или „Нос“ одШостакович во Државниот театар во Кобленц (2010). Рајскин соработува со врвниуметнички имиња како Иво Погорелич, Џулијан Рахлин, Миша Мајски, Ланг Ланг,Мидори, Даниел Милер-Шот...