Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Кејс Скалионе (САД) - Диригент


Кејс Скалионе (САД)

Американскиотдиригент Кејс Скалионе од 2011година е асистент диригент во Њујоршката филхармонија, кога истата година јадоби наградата за диригирање од фондацијата „Шолти“. Тој е страстен поборник заизведба и на оперската и на симфониската музика, но многу се посветува и насовремената музика. Три години беше музички директор на Фондацијата за младимузичари и дебитантски оркестри на Лос Анџелес, следејќи ги стапките на реномиранидиригенти како Мајкл Тилсон-Томас или Лоренс Фостер, кога го предводеше еден однајамбициозните проекти во историјата на оркестарот - сценска продукција навториот чин од Вагнеровата „Тристан и Изолда“. Критиката за Скалионе ќе кажедека е авантурист и дека сака да истражува нови изрази, па така неговиотрепертоар вклучува дела од Моцарт до Лигети, меѓу нив и шест светски премиери,заклучно со премиерата на симфонијата „Доктор Атомик“ од Џон Адамс во ЛосАнџелес со Деби оркестарот, што беше и првиот Грант доделен од Националниотфонд за Уметности. Минатата концертна сезона Скалионе имаше серија на концертисо Њујоршката филхармонија и славниот виолинист Џошуа Бел кога се прослави какоизвонреден асистент диригент, позиција која што специјално за него ја обезбедимузичкиот директор Алан Гилберт, а го наследи Курт Мазур. Своето професионалнодиригентско деби, сепак ќе го направи со Кливленд оркестарот во 2010 годинаоткако ќе ја добие Аспен наградата за диригирање истата година. Од тогаш ќедиригира со повеќето од симфониските оркестри во САД, како и во Кина. Скалионедипломирал на Институтот за музика во Кливленд и магистрирал на ПибодиИнститутот каде што студирал заедно со Густав Мајер. Бил ученик и на маестроДавид Цинман на Американската академија за диригирање на Аспен. Критиката ќе го оцени како„импресивна фигура на подиумот“.