Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна


Директор на Македонската Филхармонија


Виктор Илиески е роден во 1979 год.  Дипломира на отсекот за тромбон во 2002 год., а магистрира во 2005 год. на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Ѓорги Стефановски. Во текот на своето школување е активен учесник на многубројни концерти организирани од факултетот како солист, член накамерни состави и член на симфонискиот оркестар. Учествувал на семинари: кај проф. Кирил Рибарски во рамките на Интерфест Битола, кај шведскиот проф. Свен Ерик Ериксон во рамките на зимската музичка школа за дувачки инструменти во Дубровник.

Добитник е на повеќе републички и меѓународни натпревари:

Прва меѓународна награда и Прва специјална награда во Нови Сад 1997/98 год.; Прва специјална државна награда како член на лимен дувачки квинтет (2003); Yamaha прва специјална парична награда (2003), во натпреварување на сите лимени дувачи на ФМУ, организирано во Македонија од Yamaha Music Foundation of Europe.

Активен член е на Fame’s Macedonian Symphonic Orchestra од 2007 год. Член е и на Биг Бендот на Македонската радио телевизија и Биг Бендот на Здружението на Џез музичари на Македонија. Најголем успех Илиески остварува како дел од No Borders Orchestra. Во овој оркестар членуваат најдобрите музичари од поранешните југословенски републики. Со овој оркестар имаа снимено ЦД за најпрестижната дискографска компанија Deutsche Grammophon. Носачот на звук е снимен во салата на Словенската филхармонија во 2013 год. Во 2014 год. е формиран камерниот состав на No Borders Orchestra, составен од 12 инструменталисти, со кој Илиески остварува светска турнеја. Како носител на турнејата е јужноафриканска продукција, која организира настапи на најголемите светски фестивали. Настапуваат во Брисел, Ротердам, Виена, Лондон (Barbican Centre), Џирона, Лисабон, Тарб, Тулуз, Стразбург, Париз (8 настапи), Хамбург, Поитие, Љубљана, Марсеј, Наполи, Атина, Јужна Кореа (Asian Culture Complex Arts Theatre), Австралија (Brisbane Festival). Сите настапи се проследени со одлични критики, издвојувајќи ги 5 - те ѕвезди во The Telegraph, La Libre, DC Metro Theater Arts.

Во државата учествува на повеќе фестивали: Охридско лето, Скопско лето, Хераклејски вечери, Штипско лето, Десет дена Крушевска Република, Денови на македонска музика.

Од 2000 год. Илиески е постојан член на Македонската Фулхармонија.  

Илиески е првиот Претседател и еден од основачите на Синдикатот на културата на Р. Македонија, формиран во 2014 год.